Книгата „Уметноста на купувањето уметност“ од Алан Бамбергер, според познавачите на оваа проблематика, е најдобрата и наједноставна книга да се разбере купувањето уметност, книга за купувањето, продажбата, цените, процената и собирањето уметнички дела, наменета за купувачи и колекционери, дури и за оние без потребното претходно познавање на уметноста или трговијата со дела.
Темите што ги обработува се како да се истражат и проценат цените на уметничките дела за професионалните дилери или проценители, како да се насочи собирањето уметнички дела, како да се препознаат лажни дела и фалсификати, како да се купи уметност на онлајн аукции, како да се преговара, како да се купува директно од уметниците, како да се купуваат дела со фиксна цена онлајн и како да се разликува оригинал од репродукција.

Бернард Евел, постар член на Американското здружение на проценители, во рецензијата за интерниот-магазин на здружението, книгата „Уметноста на купување уметност“ ја нарекува „најдобрата книга на оваа тематика некогаш објавена“. Евел подучува, предава и пишува за проценувањето на уметноста и е реномиран експерт за делата на Салвадор Дали.
Американското здружение на проценители е највисоко ценета организација за процена во целата земја.