По повод одбележувањето 80 години од издавањето на стихозбирката „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин, ќе се одржи јавна трибина на тема „Возможен ли е Рацин денес?“. На трибината свои излагања ќе имаат македонските филозофи, професори, поети и колумнисти: Љубомир Цуцуловски, Мимоза Рајл, Давче Насев, Елена Пренџова и Стефан Марковски. Moдератор на трибината ќе биде поетот Филип Клетников.

Трибината ќе се одржи денеска, во 19 часот, во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.
Организатори на трибината се поетот Филип Клетников и институтот „Сиа виста“ од Скопје.