По повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески, КИЦ организира трибина на тема „Блаже Конески денес“, која ќе се одржи денеска, со почеток во 12 часот, во паркот пред КИЦ. На трибината, ликот и делото на Конески ќе се осветлат и во потесна и во поширока смисла. Во потесна смисла: она што претставува неговото творештво денес во македонската општествена, културно-просветна и научна стварност, како стимул и корпус. Во поширока смисла: како влог во една воспоставена лингвопоетичка традиција во македонистиката, од која произлегува препознатлива лингвистичка школа, која со право го носи неговото име, Школа на Блаже Конески.
На настанот ќе учествуваат Димитар Пандев, Бобан Карапејовски и Бојан Петревски.