Интригантни факти за култните книжевни дела

Речиси со секоја книга задолжително се надоврзуваат интригантни факти што авторот ретко ги споделува. Во прилог се неколку култни романи што имаат бизарни приказни, кои никого не оставаат рамнодушен.

„Хари Потер и каменот на мудроста“
Џ.К. Роулинг го завршила романот во 1995 година. Агентот што се нафатил да ја претставува комуницирал со 12 издавачки куќи и сите го одбиле нејзиниот ракопис. По една година, уредникот на една лондонска издавачка куќа, Бери Канингам, одлучил да ја издаде книгата. Но ја советувал да си најде работа, затоа што мали биле шансите да заработува од оваа книга.

„Гордост и предрасуди“
Џејн Остин почнала да го пишува романот „Гордост и предрасуди“ откако наполнила 21 година. Но издавачите го одбиле романот затоа што од неговото пишување во моментот кога бил понуден поминале 15 години. Откако Остин се прославила, добила можност за издавање на култната книга.

„Војна и мир“
Оваа книга е едно од најпознатите книжевни дела во светот. Но самиот автор не бил задоволен од својата работа. Лав Толстој во 1871 година ѝ пратил писмо на својата пријателка Афанасиј Фету во кое напишал: „Толку сум среќен што веќе никогаш нема да напишам вербално ѓубре како ’Војна и мир’“.

„1984“
Џорџ Орвел во седмото поглавје ја користи фразата „два плус два е еднакво на пет“. Се претпоставува дека Орвел го презел овој израз од Советскиот Сојуз. Почнувајќи од 1928 година, романот служел како идеја за постигнување петгодишен економски пораст во рок од четири години.

„Господарот на прстените“
Американската уметница Барбара Пемингтон ја илустрирала корицата за изданијата „Гобит“ и „Господарот на прстените“ од 1965 година. Но таа немала можност да ја прочита книгата пред да го предаде своето дело. Па така на насловната се нашле жаба, гуштери, две птици ему и некакво дрво.

„Бел коњ“
Секогаш може да се научи нешто од книга. Во оваа книга Агата Кристи, која и самата работела во болница меѓу доктори, многу детално опишала како изгледа труење со талиум. Во 1977 година на една медицинска сестра и љубителка на детективски романи одлично ѝ дошло што во болницата е примена пациентка за чија дијагноза докторите наишле на проблем.

„Клетници“
Виктор Иго бил на одмор кога бил објавен „Клетници“ во 1862 година. Бидејќи бил заинтересиран за реакциите поврзани со неговиот роман, тој испратил телеграма до својот издавач само со еден симбол – прашалник. Издавачот одговорил исто така со еден симбол, извичник, за да го истакне успехот на книгата. Ова сигурно е еден од најкратките дописи во историјата.

„Авантурите на Артур Гордон Пим“
Ова дело на Едгар Алан По содржи едно многу гадна и случајна сцена. Имено, кога ветрот одеднаш се претвара во бура, само четворица од целиот екипаж преживуваат и се наоѓаат на сплав без храна и вода. Тие одлучуваат да влечат ждрепка за да изберат кој да стане храна за преостанатите тројца. Името на тој лик е Ричард Паркер. Неверојатна врска помеѓу ова дело и реалниот живот се случува во 1884 година, кога четворица морнари се наоѓаат во идентична ситуација како во „Искуствата на Артур Гордон Пим“. Имено, тие жртвуваат човек по име Ричард Паркер, а подоцна изјавуваат дека никогаш не го прочитале романот на По.

„Том Соер“
Марк Твен изјавил дека неговиот ракопис за „Том Соер“ е првиот напишан на машина за пишување. Но истражувачите и биографите откриваат дека првата книга напишана на машина е „Живот на Мисисипи“.
„Илјада и една ноќ“
Еден од најпознатите ликови на оваа книга за кој раскажува Шехерезада е Аладин. Тој всушност е Кинез, кој израснал на кинеските улици, а во збирката е додаден дури во 18 век од францускиот преведувач Антоан Галан, кој наводно ја слушнал приказната од еден сириски наратор.

„Казино Ројал“
Авторот на серијалот за најпознатиот британски шпион Џејмс Бонд, Иан Флеминг, почнал да ја пишува својата прва книга „Казино Ројал“ додека бил во Јамајка. Флеминг сакал да гледа птици, па наишол на книга на американскиот орнитолог Џејмс Бонд. Ова име му се допаѓало затоа што било кратко, неромантично и многу мажествено. Така, во филмот „Умри некој друг ден“, шпионот Бонд, кој го игра Пирс Броснан, проучува книга од орнитологот на Бонд во една од сцените во Хавана. Подоцна, Броснан ја запознава Хали Бери и се претставува како орнитолог.