По 23 години на сцената на народниот театар „Антон Панов“ во Струмица повторно се поставува претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Драгана Таневска. Премиерата е вечерва во 20 часот. За режисерката Таневска „Стаклена менажерија“ е претстава што зборува за внатрешниот конфликт во човекот.
Пензионираната актерка Тинка Ристевска по пауза од 23 години повторно ќе игра во претставата „Стаклена менажерија“. Во првата изведба ја играла улогата на ќерката, Лаура Вингфилд, а сега ја игра улогата на мајката, Аманда. Покрај неа, во претставата настапуваат: Анкица Бенинова, Коста Ангов и Ванчо Василев. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите ги изработи Ванчо Василев, а драматург е Ацо Гогов.