Како бело знаме
се развеал денот
на прозорец мој.

Трубачите на сонот
заминуваат неми.
Се огласуваат само утки
стутулени простум
над оџаци без чад.

О, каде ли е сега дедо
да ме разбуди,
да ми каже:

Соземи се синко,
измислена е приказната
за вампирите,
измислена е пречката
на патот до нашето лозје.

Трајче Кацаров