Промоција на стихозбирката „На ракавот на градот“ од Ивана Јовановска, издание на „ПНВ публикации“, ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот, на платото пред Младинскиот културен центар. Промотор е Владимир Мартиновски.
– Поезијата на Ивана Јовановска со својата свежина, едноставност и непосредност, со секој нов стих, со секоја нова поетска слика, со секое ново пеење, нè потсетува на потребата да се зачува, да се обнови, да се втемели разнишаното достоинство на современиот човек. Меѓу редовите на песните на Ивана Јовановска како дискретно да се открива една од тајните на добрата поезија – не само да ја поттикнува здравата надеж во нас туку и да нè потсетува да љубиме, / поинаку, / повеќе – посочува меѓу другото Владимир Мартиновски.