Во „Даутпашиниот амам“, денеска, во 12 часот ќе биде одржана промоција на монографијата посветена на творештвото на ликовниот автор и ликовен дизајнер, проф. Костадин Танчев-Динка. Изданието е насловен „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми“ и содржи повеќе текстови од авторите: Владимир Величковски, Тони Васиќ, Лазе Трипков како и веќе објавени текстови од Кирил Темков и Конча Пирковска. Издавач на книгата на македонски и на англиски јазик е Националната галерија. На промоцијата ќе говорат Владимир Величковски, Кирил Темков и Лазе Трипков.