„Поетри слем Македонија“ го промовира Зборникот на националниот слем од 2020 година во Скопје, под покровителство на Град Скопје, а во организација на домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје.

– На промоцијата присуствуваa застапените автори што учествуваа на Десеттиот јубилеен национален слем-натпревар, кој се одржа на 10 октомври минатата година, на летната сцена на НУ центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп – информираат од „Поетри слем Македонија“.
Промоцијата се одржа во движење од домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје до Старата чаршија, каде што на неколку попатни локации слемерите ја изведува својата поезија: плоштадот, Камени мост, чаршијата и др.

– Ова е прва промоција на книга од ваков тип кај нас. На настанот учествуваа Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Марија Грубор, Цветанка Колева, Ирена Јурчева, Константин Карев, Марина Икономова Шокева, Горазд Китановски-Кени и Ива Дамјановски – додаваат од „Поетри слем Македонија“.