Вечерва, во 20 часот, во киното „Синеплекс“ ќе се одржи официјалната македонска и светска премиера на долгометражниот игран филм „Враќање“, во режија на Кастриот Абули. Филмот е финансиран со средства од Агенцијата на филм на РМ, а во копродукција со Косовскиот центар за кинематографија и режисерот Абдули.

Покрај врвни филмски автори, актери и работници од Македонија и од Косово, како гостин во филмот, во една од насловните женски улоги, се појавува и француската актерка Делфин Депардје, внука на познатиот светски актер Жерар Депардје. По премиерата, филмот ќе игра на редовниот репертоар на киното.