Утре во 10 часот во Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи традиционалната манифестација „Празник на липите“. Во свечениот дел ќе им бидат врачени наградите „книжевен жезол“ за исклучителен поетски опус на домашниот автор Видое Видичевски и на поетот од Романија Ѓеорѓе Добре. За поезијата на Видичевски ќе говори Раде Силјан, а за поезијата на Добре – Ермис Лафазановски. Исто така, ќе ѝ биде врачена и плакета на поетесата Мирјана Тренчева, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ за изминатата година. На поетскиот митинг ќе бидат читани песни и есеи испратени на анонимниот конкурс на ДПМ и ќе бидат врачени плакети на авторите чии дела се избрани како најуспешни од страна на стручното жири.