По триумфалниот настап на интернационалниот театарски фестивал во Лион со перформансот „Фаличниот месечар и змијата сребренеат во ноќните игри“, кога креативната дружина „Ситуакција“ го поткренуваше духот на белите париски ноќи, Лидија Шопова Д’Џу го создаде ова поетско сведоштво за да остане, по четврт век, потсетник на нашите лудости и радости. Да ги споменам и другите членови на „Ситуакција“, кои со Лидија ја градеа таа неповторлива авантура во нашите животи: Виолета Крстиќ, Илија Зимбо, Миро Масин, Драган Георгиевски и мојата маленкост.


Велигденско јајце

Ќе ѝ остане ли на Сена една пцост повеќе
Ако Монпарнас се разбуди под задникот
На рускиот емигрант кој со метла ги собра
Чашите преполнета македонска возбуда
Во моментот кога од десната страна
На гробиштата се кремира Велигденското јајце
Јас упорно зборувам дека ова што сега се појавува
Менструалната болка во коските е привилегија од Исус
Блазе си ви авокадо девојки
И вам чоколадни кроасани
Небото над Париз се спуштило
Пред вашите стопала да
Фламбирани артичоци си правите од него
Блазе и тебе Аноис жено
Што одолеа да не ги купиш
Сите оние теписи, златни виљушки
Газиени ламби, и ордени за храброст
Додека милеровиот прдеж ги замагли
Улиците на Париз, ги замагли
Со магарешка сипаница
Ти добро знаеш, Аноис жено
Чии јајца треба да ги стиснеш
Меѓу забите

18.4.1993 во Париз
Лидија Шопова