На годинешниот деветти „Македокс“, програмата „Земја во фокус“ е посветена на полската документаристика. Токму затоа, заедно со филмската фондација „Краков“ и Амбасадата на Република Полска, фестивалот организира т.н. Полски пикник на 11 август (сабота) во Музејот на современата уметност – Скопје, на кој ќе може да се погледнат десет кратки документарци, кои од 1961 до 2000 година биле наградени на Филмскиот фестивал во Краков, фестивал што набргу ќе ја одбележи својата 60-годишнина.

Во 17 часот е отворање на програмата „Земја во фокус: Полска“, на која ќе бидат кажани збор-два за полската документаристика, со мало освежување и полска музика. Во 18.30 часот е првата тура кратки документарни филмови во киносалата на МСУ: „Музичари“ на Казимјеж Карабаш, награден со „златен змеј“ во 1961 г., „На пруга“ на Бохдан Косињски, награден со „златен коњ“ во 1971 г., „Основно училиште“ на Томаш Зигадло, награден со „златен змеј“ во 1971 г., „Коса“ во режија на Марек Пивовски, награден со „златен коњ“ во 1972 г., „Болница“ на Кшиштоф Кишловски, награден со „златен змеј“ во 1977 г., „Седум жени на различна возраст“ на Кшиштоф Кишловски, награден со „златен коњ“ во 1979 г.

Во 21 часот е втората тура кратки документарни филмови пред МСУ: „Буквар“ на Војцех Вишњевски, награден со „златен коњ“ во 1981 г., „Сцени од животот на човекот“ на Бохдан Ѕиворски, награден со „златен змеј“ во 1983 г., „Сешто може да се случи“ на Марсел Лозињски, награден со „златен змеј“ во 1995 г., „Сестри“ на Павел Лозињски, награден со „златен коњ“ во 1999 г.