По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, литературниот клуб „Китка“ од Кичево, вечерва, од 18 часот, организира трети литературни средби „Поетски ѕвезди“.

На ова поетско дружење ќе учествуваат поети од литературните клубови од Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Штип, Македонски Брод, Демир Хисар, Кичево и други градови. Учесниците ќе се претстават со по една песна во траење од две минути, а целокупниот опус ќе биде публикуван во еден алманах.

– Учесниците на средбите ќе имаат можност да се претстават со песна за мајката, жената или за љубовта, бидејќи оваа манифестација е во пресрет на Меѓународниот ден на жената. Овој поетски настан ќе биде збогатен и со неколку музички нумери на познати пејачи од нашиот град – најави Оливера Ширгоска, претседателка на литературниот клуб „Китка“ од Кичево.