Во рамките на годинашното 13-то издание на „Скопје постер фестивал“ се изложени плакати од 75 светски дизајнери, од 56 земји од целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Целата иницијатива се реализира во соработка со „Постер територи“ од Калифорнија, Чешката асоцијација за графички дизајн, Московското биенале и реномираниот дизајнер, Мирко Илиќ од Њујорк – познат на нашата публика како еден од најинспиративните дизајнери и стрип-уметници од поранешна Југославија.
– Исто така се претставени и студентски плакати, кои се приклучија на повикот на нашата иницијатива и, секако, заеднички ќе дадеме придонес во ширењето на мисијата и гласот на уметникот – велат организаторите.
Дел од дизајнерите што се застапени се: Јоси Лемел (Израел), Мирко Илиќ (Њујорк), Хавиер Борбола (Куба), Адек Сапутра (Индонезија), Петре Поч (Унгарија), Тирсо Цезар (Италија), Кристофер Скот (Еквадор), Луис Ривера (Бразил), Ерин Брајт (САД), Роберт Јанг (Велика Британија), Небојша Гелевски и Лазе Трипков (Македонија), Хитоши Мјура (Јапонија)…
Изложбата е поставена во Галеријата на МКЦ до 26 ноември.