Американската невладина организација „Фарма за стража“ и кубанските институции отвориле ателје за реставрација на наследството на американскиот писател Ернест Хемингвеј во време на силни политички тензии меѓу двете земји. Основач на организацијата е Џени Филипс, внука на Максвел Перкинс, некогашниот издавач на делата на Хемингвеј (1899-1961), чија цел е зачувување и промоција на делата на авторот со светско реноме. „Фарма за стража“ е именувана по куќата во која Хемингвеј живеел покрај Хавана, а во 2002 година започнала соработката со кубанските институции.

Американскиот пратеник во Конгресот од Демократската партија, Џејмс Мекговерн бил еден од промоторите на ателјето што присуствувале на инаугурацијата во Хавана, каде што изјавил дека Хемингвеј уште еднаш ги поддржал врските меѓу САД и Куба.
По овој повод е посочено дека Ернест Хемингвеј од 1939 до 1960 година пловел, се занимавал со риболов и живеел покрај Хавана. Во тој период го напишал романот „Старецот и морето“, а во 1954 година ја доби Нобеловата награда за книжевност.