Вечерва, во 19 часот, свечено ќе биде отворена новата книжарница „Литература.мк“ во ТЦ „Буњаковец“. Продажниот простор е лоциран на приземјето, од страната на булеварот Партизански одреди. Книжарницата е уредена според најновите трендови за продажба на книги, а во фокусот е портретот на легендарниот архитект Ле Корбизје.Ова е седма книжарница на „Литература.мк“. Со новото продажно место таа ќе продолжи да ги пласира светските книжарски трендови. Во понудата се познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Ќе биде застапен голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици. На денот на отворањето, за секоја сметка повисока од 500 денари следува подарок книга, а ќе има и изненадувања за посетителите.