Издавачката куќа „Антолог“ го најави објавувањето на романот „Оренда“ од канадскиот писател Џозеф Бојден, историска сага мотивирана од наследството и културата на домородните народи во Канада. Преводот на македонски е на Ѓургица Илиева.

„Оренда“ е приказна за крв и надеж, сомнеж и доверба, омраза и љубов: сага што е стара речиси четиристотини години, а сега претворена во книжевно дело.

Книгата е објавена со поддршка на Канадскиот совет за уметност.

Џозеф Бојден (1966) е канадски романсиер и писател на кратки раскази. Има ирско, шкотско и мешано домородно потекло (метис). Студирал креативно пишување, а и самиот бил универзитетски професор. Како граѓански активист, гласноговорник е за заштита на старите култури, животната средина и менталното здравје.