„Македоника литера“ го објави романот „За тоа ли беше сè“ од познатиот бугарски писател Евтим Евтимов. Романот е напишан со современ стилски израз и со вешто изведена структура. Во основа е политички роман, но тој, пред сè, е постмодерно егзистенцијален и на еден суптилен начин авторот говори за човечката судбина, за страдањата на човекот поради политичките парадокси.
Дејството е сместено во бугарскиот политички контекст по Втората светска војна, карактеристичен за источноевропските земји во тој период, и ја разобличува репресивноста на тој режим, која во осумдесеттите години, пред залезот на режимот во времето на Тодор Живков, ќе ја почувствува и авторот на романот.

Според темата, филозофско-етичкиот пристап и пораките што се искажани – тоа е, пред сè, роман со наднационални вредности и со универзален простор и универзално време.
Евтим Михалушев Евтимов е познат бугарски писател. Најпознат е по својата поезија. Многу негови песни се компонирани, а некои негови стихови денес се познати бугарски песни.

Преводот на романот е на Нове Цветаноски.