Издавачот „Македоника литера“ ја објави книгата раскази „Пената на црниот бран“ од Владимир Илиевски. Книгата содржи 17 раскази, од кои еден дел претходно се наградувани на анонимни конкурси. Според рецензентот на книгата, Александар Прокопиев, јунаците во расказите на Илиевски најчесто се во расчекор со диктатите на социјалниот контекст, исправени пред мали и големи предизвици што успешно ги совладуваат или, пак, не успеваат во тоа, и во сето тоа, откриваат некои општочовечки егзистенцијални распетија.