„Весели вагони низ четири сезони“ од Ели Маказлиева е нова поетска книга за деца што ќе биде претставена денеска, во 12 часот, во паркот пред КИЦ, Скопје.
За книгата ќе говори Кристина Николовска, а за идејата и содржината авторката Ели Маказлиева. Модераторка на настанот е Марија Богоеска.

– „Весели вагони низ четири сезони“ е извонредно дело, со своите повеќестрани пораки, одличен патоказ кон вредностите, сознајните длабочини, но и кон уживањето во убавината на стихотворието. Сево ова укажува на фактот дека пред нас имаме вонсериско, изградено дело, според сите светски стандарди, од повеќе аспекти. Книгата има стабилни едукативни, педагошки, но и естетски, аксиолошки и мудроносни вредности – пишува меѓу другото Кристина Николовска.

Во новиот поетски ракопис за најмладите читатели поезијата на Маказлиева расте низ циклусите: „Есенски поздрави“, „Зимски радости“, „Пролетни песни“, и „Летни игри“.