Во МКЦ е отворена самостојна изложба на Бурџу Мусли насловена „Пургатори“. Мусли е визуелна уметница од Скопје и апсолвентка на Факултетот за ликовни уметности (сликарски оддел). Има учествувано на неколку групни изложби со нејзините слики, на една меѓународна изложба за млади уметници во Њујорк со арт-колаж, и една самостојна изложба, исто така со арт-колажи.
На оваа нејзина самостојна изложба повторно се преставува со надреалистички арт-колажи, кои првпат се изложени.

– Таа, кога станува збор за визуелна претстава, секогаш е по „алтернативното“, маргиналното, бидејки смета дека тоа ѝ дава побогат животен стил. Нејзините сетила за визуелност секогаш се отворени за невообичаеното. Со самото име на изложбата, таа има уникатна дефиниција за што точно се обидува да пренесе од нејзиниот внатрешен свет преку ова име. Токму и тоа ѝ е целта, да постигне што е можно повеќе да ги ослободи нејзините гости од сивилото на зафатениот и преокупиран живот. По оваа изложба да се „исчистат“ сите негативни размислувања и притисоци од различни аспекти на животот, да се почувствува слободата и повторно раѓање на една мотивација за понатаму – се вели во текстот за изложбата.