Од вчера започна новото издание на Летниот фестивал на книгата на „Три“, под слоганот „Читај… каде и да одиш“. И овој пат фестивалот ќе се фокусира на љубителите на пишаниот збор и ќе има за цел да го промовира читањето како неизоставен дел од секое летно сценарио.
Издавачот ќе понуди богат и атрактивен избор на повеќе од 1.000 книги од различни жанрови и јазици, со специјални фестивалски попусти од 20 до 70 отсто, како и можност посетителите да се запознаат одблиску со нашите автори и да присуствуваат на промоции на многу нови изданија, награди за верните читатели секоја недела и многу други настани.
– Книгите што и годинава се дел од нашата понуда сигурно ќе ве одведат на убави места и ќе ви откријат предели на кои ќе им се одушевувате. Ќе ви раскажат неверојатни приказни, ќе ве опкружат со многу возбудливи ликови – вели издавачот.