„Книжевноста и дните“ обjавена на македонски jазик

Книгата есеи „Книжевноста и дните“, на српскиот поет, критичар и есеист Гојко Божовиќ, на македонски јазик ја објави издаваштвото „Везилка2011“.
– Нагласувајќи дека поводите се мајка на есеите, Божовиќ во оваа книга во различни варијации го застапува уверувањето дека односот на книжевноста и стварноста, општествена или политичка, медиумска или идеолошка, суштински е асиметричен. Книгата содржи четириесетина есеи во три циклуси: „Времето и поезијата“, „Романсата на читањето“ и „Книжевноста во времето на транзицијата“. Белградската критика оваа книга ја пречека со оцената дека во неа „Гојко Божовиќ ни се претставува како сигурен повереник на уметноста, без која човечкиот живот би имал помалку смисла“ – посочува издавачот.