Изложба на графики од Иван Мегленов ќе биде отворена денеска во галеријата МКЦ. Изложбата насловена „Носталгија“ e составена од серијал ситопечат графики, кои се интерпретација на спомените на авторот, артефакти од блиското минато, чија функционалност е излишна или заборавена, но имаат оставено трага врз нас од голема емоционална вредност. Графиките ја прикажуваат емотивната врска со сеќавањата на детството и раната младост на авторот. Стилот на нивната изработка потсетува на едно убаво поминато време и буди носталгија за него.
Иван Мегленов (1996 година) дипломира на Факултетот за ликовни уметности во 2019 година, на отсекот графика, паралелно студирајќи на Академијата за визуелни уметности при „Џолев и уметностите“, каде што ја стекна дипломата за најперспективен студент. Денес е дел од тимот на едукативниот и развоен центар „Сивус“ како графички дизајнер. Изложбата ќе трае до 18 мај.