Денеска, во 12 часот, во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата „Охрид/поглед од другата страна“, во организацијата на Центарот за креативни индустрии НЕБО од Суводол, Демир Хисар. Изложбата се реализира во рамките на проектот „Многу луѓе – многу погледи“, кој беше селектиран помеѓу десетте најдобри приказни на повикот „Приказни за европското културно наследство“ од програмата „Европски денови за културното наследство“, поддржана од Советот на Европа и Европската комисија.
Целта на приказната е да се претстави и сподели македонското културно наследство, како дел од заедничкото европско наследство, преку очите на една маргинална група психијатриски пациенти хоспитализирани во Психијатриската болница во Демир Хисар.
Идејата да се вклучат лица со ментални болести е заснована врз европските вредности за почитување на слободата, демократијата, еднаквоста и почитувањето на човековите права, вредности што еднакво важат за секоја единка во светот во кој аживееме.