Во рамките на едицијата „Магични приказни“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, во издание на издавачки центар „Три“ излезе од печат книгата „Крајот на осаменоста“ од Бенедикт Велс. Преводот на македонски е на Катерина Јосифоска.

Воодушевувајќи со својата книжевна зрелост, во трогателниот и речиси беспрекорно напишан роман „Крајот на осаменоста“ Велс ткае тридецениска семејна историја низ неверојатни размисли за моќта на спомените во човековиот живот, за сличностите и различностите, за пријателството, љубовта и сочувството.

Бенедикт Велс е современ германско-швајцарски писател, кој уште со објавувањето на својот прв роман ги освои читачката публика и критичарите, ги доби најзначајните домашни и странски награди и стана еден од најпреведуваните автори од германски јазик.