Ежен Делакроа е еден од најзнајните француски сликари, а последната негова ретроспективна изложба во Париз беше отворена во 1963 година еден век по неговата смрт. Во соработка во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, „Лувр“ организира голема историска изложба на Делакроа на која ќе бидат претставени околу 180 дела – главно слики.

Изложбата ќе биде поделена во секции во кои ќе бидат претставени трите најзначајни периоди од опусот на овој француски сликар распослан во четири активни сликарски децении. Првата секција се фокусира на првата декада од неговото творештво во која раскрстува во неокласицизмот и покажува интерес кон експресијата и наративните сегменти. Втората секција ги презентира неговите мурали, а третата неговата доцна творечка фаза во која доминира неговиот интерес кон пејзажот.