Феминистичко рангирање на жените суперхерои

Можеби нема да се изненадите доколку прочитате дека всушност сите оригинални суперхероини се измислени, односно создадени во текот на 1940-тите и 1950-тите години, вклучувајќи и карактери што подоцна ќе станат икони како Вондер Вомен и Супергрл. Најчесто се создадени од машки писатели и уметници и примарно за машка публика. И како во целата уметност, бидејќи стриповите се одраз на времето во кое се прават, тоа води до ликови што не се со многу допадливи портрети. Во 1960-тите и 1970-тите, сепак, благодарение на вториот бран на феминизмот, почнаа да се гледаат подобрувања во претставувањето на жените на ова поле. И покрај огромниот недостиг од жени креатори и незаинтересираноста за стриповите од женска страна, со текот на времето гледаме како секакви инспиративни женски суперхерои ги красат стриповите, од дискокралицата Дазлер до поранешната ваканданска кралица Сторм.
Но само затоа што помина долго време од деновите кога „секоја жена е природно најслабата членка на нејзиниот супертим“, не значи дека стрип-индустријата ја надмина својата склоност кон сексизам. На пример, и покрај претежно успешниот притисок на „Марвел“ кон разновидност и инклузивност, тие еднаш ангажираа еротски уметник да нацрта варијанта на насловната страница за првиот број на новиот „Спајдервомен“. Исто така актуелниот креативен тим на „Ди-си њу 52“ ја претвори Вондер Вомен во инфантилизирана, дебелка, која беше прикажана како носи мече во борба, што не е баш најдобриот начин да се привлечат женските читателки.
И покрај сите нивни погрешни чекори во репрезентацијата и намерни грешки, големите стрип-издавачи прават големи чекори напред. Особено „Марвел“, кој има огромен спектар на наслови предводени од жени во моментот. Тука се вбројуваат: Тор, Спејдер-Гвен, Електра, Црната Вдовица, Гамора, Силк и Сторм.
Исто така вреди да се поздрави фактот дека многу од овие стрипови предводени од жени имаат жени во нивните креативни тимови. Различноста вистински се смета, ако се случуваат промени и на создавањето на стриповите и зад нив. И, многу е важен фактот дека сите тие стрипови ги предводи суперхеројот на ИРЛ, Сана Аманат, новиот директор на „Марвел“ за развој на содржини и карактери.
Во прилог е листата на најфеминистичките суперхерои на пазарот.

Керол Данверс
Керол Данверс беше пилот на военото воздухопловство. Живее во стан на врвот на Статуата на слободата, најдобра пријателка е со Спајдервомен и е една од Одмаздниците. Таа е една од најопасните жени на Земјата. Последно се појавува во „Капетанка Марвел“ и станува еден од најмоќните херои на универзумот кога Земјата станува вклучена во средината на галактичката војна помеѓу два вида вонземјани.

Соња
Црвената Соња е кралица на воините Викинзи од вашите соништа, способна во секој момент да лебди, удира или да мавта со мечот со леснотија. Соња постои во различни форми од 1934 година, речиси цела деценија пред Вондер Вомен да излезе на сцената, најпрво на страниците на Конан, а потоа и во сопствената соло-серија. И таа е многу црвенокоса.

Кејт Кејн
Потекнува од „Бетвомен“. И е прва лезбејка суперхерој. Претставена е како отворена лезбејка и многу вешт уличен борец, вооружена со страст за социјална правда и способност да го каже она што го мисли. Води будна борба против криминалот со најдобра коса во семејството Бат.

Алана
Прикажана е во „Сага“. Алана можеби не се смета за суперхерој – таа нема „моќ“ во традиционална смисла. Алана се вљубува во Марко и заедно имаат дете. Но Марко е на другата страна на војната и заедно тие тројца мораат да избегнат огромен хаос што го предизвика нивното спојување. „Сага“ е вистински научнофантастичен графички роман.

Хана, Вајолет, Ди и Бети
Обединети се во „Рат квинс“. Креаторот и писател Куртис Виб го опиша „Рат Квинс“ како „Господарот на прстените се запознава со девериците“. Четирите авантуристи се единствени и свои. Ова е стрип што ќе ве насмее гласно.

Дорин Грин
Главен лик е во стрипот „Скуролгрл“. Верверица е смешна. Таа е девојка со еквивалентни физички сили на верверица и може да разговара и со верверички. Најголемата работа во врска со моменталниот тек на „Непобедливата верверица девојка“ е што писателот Рајан Норт го знае сето ова и ја прифаќа смешноста на Дорин со сета љубов што ја заслужува. Најсмешниот стрип во моментов.

Барбара Гордон
Барбара е лик од „Бетгрл“. Откако закрепна од повредата на ‘рбетот што ја остави парализирана три години, Барбара Гордон живее типичен живот од раните 1920-ти во Брнсајд, сопствената верзија на Готам за Бруклин. Таа се обидува да се снајде во нормален живот, а паралелно се обидува да фати еден психопат.

Бафи Самерс
Бафи е од „Бафи д вампајар слеар“. Бафи го отвори патот за опасните жени на екраните во доцните 1990-ти и продолжува да биде исто толку пионерка и весела и денес во стриповите. Се смета за чудото од стрипот. Омилената феминистичка икона може да живее вечно.

Суз
Суз е лик од „Секс криминал“. За некои луѓе може да се звучи метафорично дека застанува времето кога имате секс, но за Суз тоа е во буквална смисла. Кога и да го постигне големото О, сè замрзнува, а Суз може слободно да талка по она што го нарекува „Тивкото“. Книгата е вулгарна, но не на начин на кој си ја замислувате.

Камала Кан
„Мис Марвел“ е посветен на Камала Кан. Таа засекогаш го смени карактерот на стрипот за суперхерои. Петнаесетгодишна муслиманска пакистанска американска девојка во Џерси Сити, Камала, се опседнува со „Одмаздници“. Една вечер Камала ќе се најде зафатена со мистериозна магла, што ѝ ги дава нејзините епски моќи на менување на формата и лекување.