Во „Колектив галерија“, на 25 јануари, во 20 часот, ќе биде отворена фотоизложба насловена „Белег“ на Бојана Пешевска, историчарка на уметноста и фотографка.

Таа во 2018 година има учествувано со повеќе фотографии на изложбите „Моја скопска приказна“ и „99фајлс – скопски брутализам“, кои се одржаа во Музејот на современата уметност во Скопје и на саемот за уметност „Ин ситу“ изложен во Младинскиот културен центар.

На изложбата „Белег“ ќе бидат претставени фотографии создадени лани, а дел и во 2017 година, дела инспирирани од личниот интерес на уметницата за архитектурата и неисцрпната љубопитност кон истражување на маалските улички и ќошиња на Скопје.