Баjки, сличности, бегства

Во една од попречните улички кон центарот, пред убава трикатница, речиси зграда, ме запира сина метална табла, на која, под уличната светилка, ce испрчил натписот со бели јасни букви: „Ве молиме – He паркирај! -Бушам!“. Граматичката недоследност во служба на силеџиството: „Ве молиме – He мисли премногу! – Газам!“. И што тогаш да прават индивидуите како мене, грдите патори Кваклевци-Жваклевци, кои понекогаш си вообразуваат дека ќе ce преобразат во лебеди. Don’t give up! Ho тука e Ида, и нашиот апсолутно конфузен брак, што ме тера да истрчувам надвор во вакви дождливи ноќи и со слепена, мокра коса да талкам низ градот и да ce соочувам со глупави, метални наредби пред резиденциите на новосопствениците. По десниот образ, кон усните ми лази една капка. Од слична, малку полигава, настана нашето кусоздивно детенце, кое мораше да ce заглави во претесниот канал на Ида и таму да го растворат, да го растопат како да е некоја бесчувствителна грутка сол…
Нашето неродено дете… Пред некоја ноќ бевме сами во сонот, тоа – пораснато златокосо девојче и jac, во една шумска колипка во која владееше топол ред, како домаќините да ја подготвиле за некој очекуван, сакан гостин, па штотуку излегле да не пречат.
Во спалната, моето дете ме чекаше да му ја прочитам приказната за „добра ноќ“, стуткано во бела постела што мирисаше на лаванда. Додека таа, потпрена врз дебелкавата перница, освежена и cè уште мокра од топлата бања, ми ce смешкаше соучеснички, посакав да клекнам крај нејзините нозе и да ѝ ја читам бајката. Ce лизнав низ старинското оревово креветче и седнат на столот, почнав да ѝ читам од книгата што лесно ce потпираше на нејзините детски руменикави стапала. Повремено го прекинував читањето за да ѝ ги гушкам стапалата и ѕвонливо, ситно ги бакнував, уживајќи во нејзиниот сребренест кикот.
Сепак, и покрај сета разнеженост, низ сонот ме следеше силно чувство дека девојчето и јас сме побегнати од дома. Ида ја немаше никаде, односно беше далеку, далеку, зад осум дена и ноќи, разгалена со својот Чехонте, во она што некогаш беше наш дом. Моравме да си заминеме, ce убедував во сонот. Ова беззаштитно девојче е како изгубено сираче, кому му е потребен целосен татко. Околу колипката ce слушаше успокојувачкото шумолење на столетната шума, додека пред полуотворениот прозорец цутеа рози и нивниот интензивен мирис ја разведруваше вечерта. Знаев, меѓу овие прекрасни рози никогаш нема да ce вплете плевел. Во оваа куќичка, лебарките никогаш нема да претрчуваат по валканиот под. И во сонот, смирено продолжив да читам, крај измиените стапалца на моето сакано дете. Тогаш, со ненадеен, не многу пријатен насет, посакав, во таа пријатна топла атмосфера, да видам која е книгата што ја разгали ќерка ми. Заклопувајќи ги темноцрвените корици, веќе знаев дека тоа не е „Малиот принц“ ниту „Розата и славејот“, ниту, пак, некоја од Гримовите бајки. Јасно го здогледав:
Антон Чехов
Одбрани раскази
…и сонот тука ce прекина, како секогаш кога Ида ce вмешуваше во него.
– Врши ли нужда во кутијата? – ме прашуваше упорно Ида, речиси при секое видување во болничкиот хол, иако добро знаеше дека уште од малечка, Спокој беше извонредно чиста, за разлика од кутриот Франц Јозеф, кој сееше гомненца низ целиот стан. Ида не го ни дочекуваше одговорот, впрочем непотребен, туку продолжуваше да ги изложува своите акушерско-патолошки сознанија.
Еднаш, патем, таа по првпат го спомна Чехов: – Ете, ни Чехов баш не ги сакал мачките. – Молам? – Кучињата ги чувствувал многу поблиски. Мачките се дволични. – Откаде ти е сега пак тоа? – Го прочитав. Сношти.