Самостојната изложба „Автобиографија во слики“ на академскиот сликар Новица Трајковски ќе биде отворена денеска, во 12.30 часот, во галеријата при домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.
Новица Трајковски (1962 г., Скопје) во 1988 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Родољуб Анастасов. Од 1991 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Изложува од 1986 година. Автор е на над 40 самостојни изложби во Македонија и странство, учествувал во голем број групни изложби.
Поради пандемиските мерки, изложбата ќе може да се погледне секој работен ден од 9 до 14 часот, со ограничен број на посетители. Отворањето на изложбата ќе се одвива исклучиво според протоколите за работа во време на пандемија.