Трибината „Цензура во уметноста и науката“

328

Денеска во 12 ќе се одржи трибината „Цензура во уметноста и науката“ во рамките на настанот „Не е шега: дискриминација и цензура“, кој во периодот од 1 до 10 април се одржува во Музејот на Македонија, како резултат на соработката меѓу оваа институција и универзитетот „Гоце Делчев“.

Трибината, која ќе се одвива во киносалата на Музејот на Македонија, на едно место ќе собере повеќе уметници и научници, кои ќе говорат за елементите на цензурата што биле или сè уште се присутни во творењето, изложувањето, истражувањето, публикувањето и јавниот говор. Во трибината ќе учествуваат Атанас Ботев (Музеј на градот Скопје), Слободанка Стевческа (ОПА – Опсесивна посесивна агресија), Владимир Јанчевски (Иницијатива кооперација), Јана Јакимовска (Ликовна академија – УГД), Никос Чаусидис (Филозофски факултет – УКИМ), Љупчо Ристески (Институт за етнологија и антропологија – УКИМ), Олгица Кузмановска (Институт за физика – УКИМ) и Гоце Наумов (Музеј на Македонија). Во рамките на настанот отворена е изложбата „Цензура“ на студентите од Ликовната академија, а ќе се одржи и работилница за плакати утре во 10 часот и промоција на книга и концерт на студентите од Музичката академија.