Светски музеи што виртуелно ги отвориjа своите врати

687

Најважните светски музеи и уметнички галерии овозможуваат виртуелно разгледување на чудата што ги поседуваат. Погледнете го списокот со десет музеи од целиот свет, кои можат да бидат „посетени“ од дома без да се одречете од интензивното искуство

Коронавирусот го принуди поголемиот дел од светското население да остане во своите домови, да го одложи патувањето, како и одењето на културни, забавни и други настани. Но во овие долги и здодевни моменти во домашна изолација, уметноста ни помага. Најважните светски музеи и уметнички галерии овозможуваат виртуелно разгледување на чудата што ги поседуваат. Погледнете го списокот со десет музеи од целиот свет, кои можат да бидат „посетени“ од дома без да се одречете од интензивното искуство.
Виртуелните посети се овозможени и од многу други италијански музеи. Списокот ги вклучува, меѓу другото, „Пинакотека ди Болоња“, галеријата „Боргесе“, „Сенаколо Винчиано“, етрурскиот музеј „Вила Џулија“, „Пилота ди Парма“, Националниот археолошки музеј на Марке, Археолошкиот музеј на Аквилеја, „Вила д’Есте“ и „Вила Адријана“, археолошкиот парк „Остиа Антика“, археолошкиот музеј „Таранто“, Колосеумот, Националната галерија за модерна и современа уметност во Рим, археолошкиот музеј „Каљиари“ и многу други.

1. „Гугенхајм“, Њујорк
Со над 1.700 уметнички дела од повеќе од 625 уметници, онлајн-колекцијата претставува база на податоци на уметнички дела избрани од постојаната колекција на „Гугенхајм“ што има околу 8.000 уметнички дела. Музејот нуди свои колекции и изложби достапни на интернет, вклучувајќи дела од Франц Марк, Пит Мондријан, Пабло Пикасо и Џеф Кунс.

2. Музеите на Ватикан
Музеите на Ватикан претставуваат голема колекција на важни уметнички дела и класични скулптури што се собрани во текот на многу векови. Сега, можете од дома да го обиколите музејскиот парк и експонатот на икони, вклучувајќи го и таванот на Микеланџело во Систинската капела.

3. „Лувр“, Париз
Музејот „Лувр“ во Париз нуди бесплатен интернет-преглед на некои од своите уметнички експонати, како што се египетски антиквитети и дела на Микеланџело. Музејот нуди преглед од 360 степени и можност да се „кликне“ на ретки артефакти за да се дознаат нивните детали и историја.

4. Британскиот музеј,
Лондон
Со колекција од над осум милиони артикли, Британскиот музеј во Лондон нуди можност онлајн да се погледнат едни од најретките дела во сопственост на музејот, вклучувајќи ги „Канга: Текстил од Африка“ и „Предмети од римските градови Помпеја и Херкуланеум“. Музејот, исто така, се здружи со Институтот за култура на Гугл за да понуди виртуелни патувања со користење на технологијата „Гугл стрит вју“.

5. „Театар-музеј Дали“,
Фигуерес
Целосно посветен на делата на Салвадор Дали, овој музеј има многу соби и изложби посветени на секој ден од животот и кариерата на Дали, а овде е погребан и самиот уметник. Музејот нуди виртуелни тури на паркот и некои експонати, како што е надреалната изложба „Лицето на Меј Вест“.

6. Музејот „Прадо“, Мадрид
Музејот во Мадрид, „Прадо“, исто така е затворен поради ризикот од ширење на коронавирусот, но неговата колекција и помалку познатите простори се достапни за секого. Во музејот се сместени дела од поголемите италијански, шпански и фламански уметници, вклучувајќи ги Бето Анџелико, Андреа Мантења, Рафаело Санцио, Хиеронимус Бош, Рогиер ван дер Вејден, Бругел, Ел Греко, Питер Пол Рубенс, Тизиан, Диего Веласкез, Франциско Гоја…

7. „Ермитаж“,
Санкт Петербург
Сега е возможна и онлајн-посета на „Ермитаж“ во Санкт Петербург, прикажувајќи една од најважните уметнички колекции во светот. Меѓу многуте автори се Караваџо, Пол Сезан, Леонардо да Винчи, Рафаел, Антонио Канова, Франческо Казанова, Jacак-Луис Давид, Едгар Дега, Пол Гоген, Фра Филипо Липи, Анри Матис, Клод Моне, Пабло Пикасо, Пјер Огист Реноар, Рембрант, Винченцо Петрочели, Питер Пол Рубенс, Винсент ван Гог, Диего Веласкез, Паоло Пагани.

8. „Ријскмузеум“,
Амстердам
Државниот музеј во Амстердам има најголема збирка уметнички дела од златната доба на фламанската уметност (1584 – 1702) и значителна колекција на азиската уметност. Музејот може да се посети со помош на апликација, која нуди 14 различни мултимедијални тури и многу патеки создадени од посетители што користат „Ријксстудио“.

9. „Галерија Уфици“,
Фиренца
Започнува со иницијативата „Уфици Декамерон“. Секојдневно, на социјалните мрежи на галеријата ќе бидат објавени фотографии, видеа и приказни посветени на ремек-делата чувани во галеријата за скулптури и слики, палатата „Пити“ и градините „Боболи“.

10. „Египетски музеј“,
Торино
„Египетскиот музеј“ во Торино организира видеотури преку социјалните мрежи за прикажување на збирките на музејот. Со хаштагот #laCulturaCura, може да се тргне на виртуелно патување низ богатствата на музејот во Торино.