Саем на книгата со издавачи од регионот

1299

Слоганот на годинашниот, јубилеен Саем на книгата е „30 години читаме со задоволство“, а во кампањата ќе учествуваат книжевни ѕвезди на македонските издавачки куќи. Саемот го организира „Скопски саем“, под покровителство на Министерството за култура, а ќе се одржи од 3 до 9 мај во ВИП-арената „Борис Трајковски“. Меѓународниот саем на книгата обезбедува широка програма на изложување, вклучувајќи дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, енциклопедии, дела од областа на културата и уметноста, книги за млади и деца, учебници и училишни прирачници и галантерија, современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти. На саемот ќе учествуваат сите значајни издавачки куќи од земјата, но ќе има и изложувачи од регионот. По повод јубилејното издание на Саемот за книгата, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен.