ПТИЧЈЕ ХАИКУ

155
Александар Прокопиев

Ранет гулаб пред порта.
Но и мачката е тука.
Кој ќе спие в подрум?

Замина летото.
Кој тоа таму пее?
Гавранот, весел.

Стигна петелот.
Токму на време за ручек.
Нашиот ручек.

Над кровот летна
меур од сапуница
и… врапче сретна.

Врне ли, врне.
Патка по Вардар брка
пластично шише.

Скокаат по трева
верверичка и чавка.
Ист раст – друг вид!

Врапци по жици:
петолиние со ноти
– темпо стакато.

Збунето врапче:
врз бетонот зрнца студ
– измислени трошки.