Промовирана втора книга поезија на Јоана Шишкова

518

Втора книгата поезија под наслов „Крилести одаи“ од Јоана Шишкова е промовирана во рамките на годинашното издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој го носи името на познатиот актер, нејзиниот татко.

Книгата ја промовира Гоце Ристовски посочувајќи дека и Јоана „преживува сѐ што уметниците преживуваат во рамките на своето семејство“. Првата нејзина книга поезија „Креативна бурлеска“ е издадена во 2016 година, а говорејќи за „Крилести одаи“ таа зборуваше и за фазата на рамнотежа по изминати тешки периоди и за пристигнувањето до портите на крилестите одаи.