Премиера на претставата „Да не е галеб?“

76

Театарот „Чин 4, сцена 5“ од Прилеп премиерно ја прикажа претставата „Да не е галеб?“, во режија на Саша Нацевски, работена според „Галеб“ на А.П. Чехов и „Глупа заебана птица“ на Арон Поснер.
– Претставата е адаптација на големиот руски класик. Претставува „разговор“ со самиот Чехов, еден вид писмо кон него, за тоа како неговиот „Галеб“ лета и во 21 век, поставувајќи прашања за љубовта, за животот, за театарот – вели режисерот.
Во претставата играат: Илија Волчески, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, младите прилепчани Наталија Ристеска и Дарко Карбески, како и гостинката од Пробиштип, Стефанија Митовска.
Музиката е на Томе Темелкоски, а звучниот дизајн е на Кире Најдоски.