Прекрасен хотел-библиотека скриен во кинеските планини

92

Изминатите шест месеци беа одличен доказ дека не постои ништо подобро од добра книга, која моментно ги брише сите грижи. Нормално, вашиот дом веројатно е веќе одлично место за тоа, но за секој што навистина сака да „избега“ и да заборави на сите проблеми што ја означија 2020 година, отворен е прекрасен нов капсулен хотел-библиотека во пошумените планини на истокот на Кина.
Воздушестиот простор, исполнет со светлина, е изграден во стара земјена структура во селото Кинглонгу, во провинцијата Џеџијанг. Моментално хотелот може да биде домаќин на не повеќе од 20 гости, кои би биле сместени во пријатни дрвени капсули, вградени меѓу полиците за книги изработени од бамбус. Овде можете да одберете книга што ви се допаѓа, да ја однесете во вашата капсула и да се одморите.
Движењето низ зградата личи на пешачење по планинска патека. Секоја серија на скалила вклучува места за застанување и одмор, каде што гостите може да читаат.

Исто така, вклучени се и низа комунални читалници, кои брзо се полнат со локално население. И бидејќи, во денешно време, очигледно дека сè мора да изгледа совршено за на Инстаграм, секој од прозорците на капсулата е порамнет за да постави уникатен поглед на околната библиотека за да уживате додека читате.
Дизајнирана од архитектонското ателје од Пекинг, „Ателје Тао + Ц“, зградата штотуку влезе во потесниот избор за доделување на наградата „Дезин 2020“ за хотел и краток престој на годината.
– На зајдисонце, целата зграда е осветлена однатре, па така самата таа се претвора во светилник, нудејќи парче топлина во смиреноста на ноќта – вели портпаролот на „Тао + Ц“ во интервју за интернет магазинот „Дезин“.

Сепак, за жал, на сите меѓународни посетители им е забрането да влегуваат во Кина во моментов, така што повеќето ќе треба да почекаат малку пред да се одлучат да го посетат овој хотел. Но веднаш штом ќе се отворат границите, тие погледи над живописните шуми во Тонглу речиси сигурно ќе направат нормалниот живот да изгледа како далечен сон.