Оперски гала-концерт и балетот „Болеро“

65

Поради големиот интерес, повторно на репертоарот на Националната опера и балет ќе се одржи оперски гала-концерт на 22 јануари, со почеток во 20 часот. Настапуваат солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), во придружба на оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца. Настапуваат женскиот балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и Оркестарот на Националната опера и балет. Диригентка е Бисера Чадловска, кореографка Саша Евтимова, а костимите се на Марија Пупучевска.