Нова книга на Георги Старделов

57

Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат најновата книга на академик Георги Старделов, „Критика на деморализираниот ум“, посветена на истакнатиот македонски писател Владимир Костов. На 165 страници оваа книга содржи тринаесет секвенции за литературата и филозофијата во романескниот опус на Владимир Костов.
Оценувајќи дека „на страниците на литературата на Владимир Костов се води отворен дијалог со нашето време“, Старделов пишува дека „неговата литература, особено неговата прозна уметност, нѐ соочува со сознанието дека живееме во едно скудно време (Хајдегер) на доминација на распаметениот политички ум во сите сфери на животот, кој со неверојатна леснотија го употреби човекот против него самиот. Нашето време до невидени граници ги усвити спротивностите во општеството; тие се оттргнаа од нас и не можеме да ги хармонизираме, сѐ повеќе ги чувствуваме како сила против себе“.