Националната галериjа во борбата против пандемиjата

34
Боро Митриќески, „Портрет на Лазар Личеноски“, 1970, дрво (делото е сопственост на Националната галерија)

Музеите во целиот свет се соочуваат со огромни тешкотии. Многу од нив сѐ уште се затворени за посета, некои делумно се отвораат со нови протоколи. Националната галерија на Македонија со своето присуство на социјалните медиуми се приклучува со своја поддршка во борбата против пандемијата.
– Мораме да гледаме во иднината со верба и оптимизам и уште поголема одговорност – порачуваат оттаму.