Македонската опера и балет ќе гостува во Сараево

47

Македонската опера и балет по покана од Сараевската филхармонија ќе гостува на меѓународниот фестивал на културата „Башчаршиски ноќи“ во Сараево, Босна и Херцеговина, кој важи за најголемиот културен настан, односно летен фестивал на културата во БиХ.
Фестивалот се одржува секоја година од 1 до 31 јули, а оваа година честа да го отворат фестивалот со гала-концертот, насловен „Поздрав од Скопје“, ја имаат солистите на Македонската опера и балет: Наде Талевска (сопранистката) и Никола Стојчевски (тенор), додека со оркестарот на Сараевската Филхармонија ќе диригира Маестро Иван Еминовиќ.
Со домашните ансамбли и солисти, со гостувањето на многу европски и меѓународни уметници, Сараево – главниот град на Босна и Херцеговина – секој јули станува вистински центар на културата, а целиот град е во специјална фестивалска атмосфера.