„Кустендорф“ годинава се одржа онлаjн

61

Mеѓународниот филмски и музички фестивал „Кустендорф“ од Србија своето годинашно, 14-то издание, го одржа виртуелно од 22 до 25 јануари преку дигиталната платформа kustendorf.online. Натпреварувачката програма се состоеше од 22 краткометражни филма од домашни и од странски автори, а за фестивалските награди се натпреваруваа филмови на млади режисери од Полска, Белгија,Србија, Австрија, Азербејџан,Бугарија, Македонија, Германија, Русија, Романија, Данска, Иран, Израел, Киргистан, Црна Гора, Узбекистан и од Франција.
Програмата ја сочинуваа 18 играни, два документарни и два анимирани краткометражни филма. Филмовите „Драги другари!“ на Андреј Кончаловски, „Венди“ на Бен Зејтлин, „Госпоѓицата Маркс“ на Сузана Никијарели и „Каменокршачот“ на Џанлука и Максимилијан де Сериоа беа прикажани во програмата „Современи тенденции“. Во рамките на програмата „Ретроспектива на великаните“ беа прикажани четири епизоди од серијата „Беше еднаш една земја“ на Емир Кустурица, програма посветена на американската глумица Феј Данавеј, и последниот филм на режисерот Ким Ки Дук „Растворање“.