Излезе книгата „Наративни светови“ од Лидија Стојановиќ

44

Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, во познатата едиција „Логос“, ја објави книгата „Наративни светови“ од Лидија Стојановиќ, научна работничка во Институтот за фолклор во Скопје. „Наративни светови“ претставува истражување на народната наративна култура. Ракописот претставува едно ново истражување, во кое авторката Лидија Стојановиќ на сублимиран начин ги обединува најновите теоретски достигнувања во етнолошко-фолклористичките истражувања, но пред сè ги предочува сопствените емпириски материјали и наодите добиени од своите долгогодишни теренски истражувања.

Лидија Стојановиќ е авторка на поголем број студии од областа на фолклористиката, меѓу кои „Феноменот на иницијацијата во македонската народна книжевност“, „Методи на истражување на фолклорот“, „Хоризонти на народната култура“ и др.