Изведба на „Кармен“ и на „Валпургиска ноќ“

44

Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ ќе бидат изведени на 17 јануари, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет. Двете постановки се специјално подготвени од реномираниот кореограф Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.

Публиката ќе има можност да го слушне прекрасното дело „Кармен“ на Жорж Бизе, во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин, како и „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно, во изведба на оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Солисти се Мими Поп Алексова Атанасовска, Балаж Лашеи (Унгарија), Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Христина Наќевска, Бојана Христовска, Илијана Данилов, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Во „Валпургиска ноќ“ настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Игор Веланоски, Илијана Данилов, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Кристијан Јангос, Никола Орсо. Настапуваат и балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.