ВОДЊАНСКО ХАИКУ

208
Александар Прокопиев

Висока шума.
Моќен хор, а едно слушам
– пиле на врв од бор.

До врвот цел ден:
Кесата со храна, патем,
Ветрец ја наполни.

Планинарски дом.
Само чекор од окото.
Уште еден час од.

Некогаш куќа,
сега куп стари цигли.
Борот, пак, расте.

Откаде ти тука?
Далеку е паркот,
верверичке!

Дигалка сред Скопје,
дал руши ил гради?
Облакот си кидна.

Три патеки
кон врвот. На крстопатот –
ждребе. За’ржа.

Мир на планина.
Тогаш – камбани!
Зарем е пладне?