„Актер човек“ на приштинскиот редовен репертоар

20

Алтернативниот театарски перформанс „Актер човек“, кој веќе една година е активен во Скопје, продолжува со својот алтернативен пат. Препознаен од интернационалниот театар во Приштина „ААБ тиатар“ и по нивна покана стана дел од нивниот редовен репертоар. Приштинската публика ќе има можност да ја гледа претставата еднаш месечно. Актерите ќе играат на англиски јазик, но и на својот мајчин јазик. Ова е првиот алтернативен проект што станува дел од репертоарот на институцијата надвор од нашата држава. Првата изведба е закажана за 19 декември.

Авторка и режисерка на претставата е Теа Беговска. Играат: Томе Станковски, Теа Беговска и Даријан Петров, а автор на музиката е Енес Беговски.