Катче за родителите

Прашање: Зошто веќе нема диносауруси?

Одговор: Кажете му на детето дека приближно пред 65 милиони години голем астероид се судрил со Земјата при што се сменило сѐ на планетата. Диносаурусите не можеле да се приспособат на промената и на крајот изумеле, оставајќи простор за животните што подобро се приспособиле на новата клима.

Што треба да знаете: Диносаурусите се доказ дека светот некогаш бил многу поразличен, а тој податок може да ја разбуди фантазијата кај детето, вели Метју Т. Карано, кустос на Одделот за диносауруси во Природонаучниот музеј во Вашингтон, САД. Прашањето за диносаурусите можете да го искористите за да започнете разговор за еволуцијата. Објаснете му на детето дека фосилите на диносаурусите покажуваат дека тие биле дамнешни предци на денешните животни.