Времеплов – Вие ни пишувате

Што ли е она што во
безгрижен детски лет
летка од цвет на цвет,
како дете мало, силно,
енергично, но сепак милно.

Онаа мала птица
што го граби погледот сечиј,
мирно во својот лет
кон небесната шир,
му дели секому среќа и мир.

Тоа е колибри,
што се радува на секој
замав со своите крила,
мислиш се смешка
со детска насмевка мила.

Колибри е птица, брза и лесна
па за неа ја напишав и оваа песна,
но „Колибри“ е и списание едно,
со песни и сказни за секое дете вредно.

Поздрави секој човек ви праќа,
списанието „Колибри“
секој возрасен човек
во детството го враќа!

Анастасија Герасимовска,
6-2 одделение
ОУ „Петар Поп Арсов“ – Скопје